По поразот на гостувањето против Ренова во претходното првенствено коло, „вардарци“ со силна желба за враќање на победите во Првата македонска фудбалска лига. Во денешното, 23. коло, Вардар на домашен терен ја носи фаворитската улога во пресметката со Струга ТЛ.
Сосема јасно е дека избраниците на Александар Васоски ќе атакуваат на трите бода како би ја задржале предноста на врвот од табелата пред Шкендија. Но, дека ќе немаат ниту најмалку лесна задача, јасно е поради фактот дека бодовите се повеќе од неопходни и за стружани во битката за опстанок.
Академија Пандев, пак, ја посакува првата пролетна победа. „Пандевци“ во Струмица ја пречекуваат Ренова која игра одлично изминатиов период. Прва победа посакува и новиот шеф на стручниот штаб, Александар Таневски иако сосема е јасно дека ќе има повеќе од тешка задача.
Интересно ќе биде и во Чаир каде Шкупи е домаќин на Силекс. Кратовци нанижаа серија позитивни резултати по кои и желбата за битка за првото место сега е нагласена, иако, како што велат, не се оптоваруваат со тоа. Нивна интенција е обезбедување европски излез следната сезона.
Денешните натпревари, согласно одлуката од Владата на РСМ за превенција од коронавирусот, ќе се играат без публика.
ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal