Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска го има првиот работен ден како фудбалер на бундеслигашот Лајпциг. Тој со тимот одлета за Ла Манга, шпанскиот туристички центар каде Лајпциг ќе одработи мини подготовки пред продолжението на шампионатот во Бундес-лигата и настапот во осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Елмас неколку дена пред почетокот на 2024 година го реализира својот трансфер од Наполи во Лајпциг за сума од 25 милиони евра.
Тој треба да биде наследник на легендарниот Емил Форсберг, фудбалерот кој цела деценија беше дел од Лајпциг, а се пресели во Њујорк Ред бул.
Start ins neue Jahr für unsere Jungs:
— RB Leipzig (@RBLeipzig) January 2, 2024
Abflug ins Winter-Trainingslager 🛫
🔜 La Manga, Spanien 🇪🇸 pic.twitter.com/loo9r46J6R
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski