Connect with us

Пропаѓа ли трансферот на Левандовски? Баерн постави краен рок за негово заминување

Сапуницата за трансферот на Роберт Левандовски од Баерн Минхен во Барселона се уште трае. Полјакот јасно кажа дека не сака да остане во Баварија и дека сака да оди на „Камп Ноу“, а Баерн ужасно му замери поради тоа.


Раководството на германскиот шампион сите овие денови упорно одбиваше да го продаде својот најдобар напаѓач, па Полјакот се појави на почетокот на подготовките со Баерн.

Сепак, неговото враќање во Германија предизвика конфузија во соблекувалната на Баерн, а играчите и тренерот Нагелсман не знаат како да се однесуваат кон него. Од друга страна, хаотичната ситуација дополнително ја предизвикаа навивачите на Баерн, кои завчера му упатија смртни закани на миленикот поради предавство.

Многу е веројатно дека Полјакот сепак ќе замине, тоа би било најдобро за сите три страни во овој бизнис, но Баерн Минхен не се попушта од првичната сума од 50 милиони евра, а Барселона сака да ја намали. На тоа не се согласуваат баварците и по цена незадоволниот Полјак да остане во клубот.

Баерн Минхен сега постави и краен рок на Барселона за да се реши ситуацијата.

Се мора да се заврши пред сабота, за кога е закажано претставувањето на тимот на Баерн Минхен за новата сезона. Доколку Барса сака да го купи Левандовски тоа ќе мора да го направи пред сабота. Во спротивно, нема ништо од трансферот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови