Connect with us

Пропаднаа преговорите меѓу Бенфика и Челси за Енцо Фернандез

Раководството на Бенфика одби да го продаде аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез на Челси за пониска цена од откупната клаузула вредна 120 милиони евра. Со денови се зборува дека Енцо Фернандез веќе со една нога е стапнат на „Стемфорд Бриџ“. Не сака повеќе да игра за Бенфика и се обидува да дојде до трансфер во Премиер – лигата, но засега нема да биде така лесно.

Аргентинските медиуми објавија дека преговорите меѓу двата клуба пропаднале бидејќи последната понуда на Челзи била 85 милиони евра, што е значително помалку од бараното. Во неговиот договор има клаузула од 120 милиони евра и Бенфика не сака да го продаде ни за цент помалку. Згора на тоа, бараат сите пари да се исплатат во една рата, што малкумина ќе го направат.

Позицијата на Бенфика е јасна и ќе остане непроменета, а сега најголеми се шансите Енцо Фернандез да остане во Лисабон до крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови