Connect with us

Проблемите во Јунajтед не запираат, Ерик Баи позитивен на Ковид-19

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ги потврди гласините дека има еден фудбалер во клубот кој е позитивен на коронавирус.

„Ерик Баи ќе биде отсутен уште малку. Неговиот последен тест за Ковид-19 се покажа позитивен и поради тоа, Ерик не може да се врати во Англија”, изјави Солскјер после тешко издвоената победа од 2-1 против Брајтон.

Баи, кој ќе мора да се самоизолира во следните две седмици, беше на списокот повикани фудбалери на селекцијата на Брегот на Слоновата Коска за време на репрезентативната пауза.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови