Милан доживеа тежок удар уште на стартот на сезоната. Една од најголемите ѕвезди на тимот, Рафаел Леао, го напушти теренот повреден уште во првото полувреме од натпреварот од Купот на Италија против Бари.
Ова воедно беше и прв официјален натпревар за Милан во новата сезона.
Токму Леао го отвори резултатот по петнаесет минути игра по асистенција на Фикајо Томори. Но, само три минути подоцна, стручниот штаб на „росонерите“ беше принуден на замена поради мускулен проблем на Леао. На негово место влезе Сантијаго Хименез. Сè уште не е познато колку е сериозна повредата.
Минатата сезона Рафаел Леао постигна осум голови на 34 натпревари во Серија А.
Во продолжение, „росонерите“ без проблеми обезбедија пласман понатаму во турнирот. Во 48. минута Пулишиќ ги постави конечните 2-0.
Дебито за „росонерите“ го имаше и легендарниот Лука Модриќ, кој се појави на теренот во 66. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













