Connect with us

Проблем за Баерн: Се повреди Кингсли Коман

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман, се повреди на тренинг и моментално е на магнетна резонанца за да се утврди целосната големина на повредата, објави тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман.


„Кингсли Коман се повреди на тренинг и работите не изгледаат добро. Се надевам дека е само посилен удар. На Џошуа Кимих, пак, му оди добро“, изјави тренерот на прес-конференцијата во пресрет на саботниот натпревар против Штутгарт.

Коман стартуваше во последните четири натпревари на Баерн во сите натпреварувања и неговото отсуство може да се покаже како проблем, особено со оглед на густиот распоред на натпревари што го очекуваат германскиот шампион во наредните недели.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови