Шпанскиот гигант Реал Мадрид ги продолжува преговорите со Винисиус Жуниор за продолжување на неговиот договор, кој во моментов има важност до 2027 година. Клубот му нуди на Бразилецот нов договор до 2030 година, како и зголемување на платата.
Сепак, според информациите на каталонскиот „Спорт“, иако претходно се тврдеше дека договорот е подготвен за потпис, сè уште не е постигнат конечен договор.
Реал му понудил на Винисиус петгодишен договор вреден 100 милиони евра нето, што би значело годишна плата од 20 милиони евра. Но, Винисиус бара неговата плата да се изедначи или да ги надмине највисоките примања во тимот. Во моментов тој заработува 15 милиони евра годишно, колку и Џуд Белингам и Килијан Мбапе. Сепак, вкупниот пакет на Мбапе е повисок поради бонусот договорен при потпишувањето на договорот, со што неговите примања надминуваат 20 милиони евра годишно. Слично е и кај Белингам.
Интерес за Винисиус покажуваат и клубови од Саудиска Арабија, кои нудат значително повисоки суми. Фудбалерот го користи тоа како аргумент во преговорите со Реал Мадрид. Сепак, според достапните информации, клубот нема намера да ја зголеми понудата во текот на летото, а двете страни се надеваат дека на крајот ќе постигнат договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













