Легендата на Реал Мадрид, Тони Крос, ќе го одигра последниот натпревар за клубот во вечерашното финале во Лигата на шампионите. Германецот пред неколку дена ја објави својата одлука летово да ја заврши кариерата.
За специјалниот проштален натпревар со тимот на „кралевите“, Крос избра специјални копачки со кои ќе истрча на теренот на „Вембли“. Тие се главно во бело како бојата на дресовите на Реал Мадрид, но со златни детали.

Најважно за фудбалерот е што на копачките се испишани имињата на неговите најблиски луѓе – неговата сопруга Џеси и нивните три деца Леон, Ами (Амели) и Фин. Интересно е што и имињата на децата се напишани рачно со пенкало, што сугерира дека тоа го правеле лично децата за нивниот татко.
На копачките има место дури и за имињата на двете кучиња од семејството – Ленокс и Џулиус.
Одделно, видливо е логото на Лигата на шампионите, како и германското знаме.
По финалето во Лондон, на Крос ќе му преостане само да одигра и за репрезентацијата на Германија на Европското првенство, и потоа да стави конечен крај на кариерата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













