Connect with us

Пораз од Украина на стартот на елитните квалификации

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години доживеа пораз (0-2) од Украина на стартот на елитните квалификации за пласман на ЕП 2025. Избраниците на Тони Јакимовски беа конкурентни во првиот дел, но примија гол во 45.минута. Погодокот го постигна Данило Кревсун.

На стартот на второто полувреме Украина зголеми на 0-2. Матви Пономаренко во 48.минута постигна втор гол за противникот и практично го реши натпреварот.

Во финишот Македонија остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Анес Мелиќи.

На натпреварот во Ѓорче Петров, Швајцарија ја победи Летонија со 1-0, со голот на Јанис Лути во 90. минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови