Второто коло во Првата МФЛ, за тимот на Македонија Ѓорче Петров ќе биде премиерно пред домашна публика. На воведниот меч од новата сезона, „лавовите“ имаа тешка задача на гостувањето во Струга, каде што загубија со 2-0. Денеска имаат можност за резултатска рехабилитација и освојување на првите бодови сезонава.
На стадионот во Ѓорче Петров доаѓа актуалениот првак, Шкендија, тим кој новото првенство го отвори со победа од 5-1 против Шкупи.
„Првото коло секогаш е тешко да се игра, особено ако тоа значи гостување во Струга. Голем удел во поразот имаше и тоа што не бевме комплетни. Полека, но сигурно се комплетираме, ни се приклучуваат странците, имаме уште неколку повредени, но ниту едното, ниту другото не е повод за алиби. Добро ја анализиравме Шкендија, знаеме за каков противник се работи. Не случајно направија голем успех во Европа. Сепак, како и секоја екипа и Шкендија има слаби страни, а ние планираме да ги искористиме. Македонија Ѓ.П. на домашен терен секогаш игра добар и пред се цврст фудбал. На ниту еден тим нема да му биде лесно да игра на нашиот стадион. Очекувам голема борба, максимум од целата екипа и секако, посветеност за позитивен резултат“, вели Јован Попзлатанов за официјалниот сајт на ФФМ.
Мечот меѓу Македонија ЃП и Шкендија се игра од 17 часот на стадионот во Ѓорче Петров, а во истиот термин на Националната Арена „Тодор Проески“ се среќаваат Работнички и Башкими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













