
Џоб Белингам, помладиот брат на Џуд Белингам, одлучил да прејде во Борусија Дортмунд, пренесува „Скај Германија“. 19-годишниот играч за врска ќе ги следи стапките на својот брат, кој токму во Дортмунд се етаблираше на големата сцена пред трансферот во Реал Мадрид.
Во наредните денови се очекува Борусија Дортмунд да започне официјални преговори со Сандерленд, актуелниот клуб на Џоб Белингам. Сумата за трансферот се очекува да изнесува околу 30 милиони евра.
Покрај Дортмунд, сериозен интерес покажа и Ајнтрахт Франкфурт, но Белингам ги информирал дека ја избрал понудата на „жолто-црните“.
Минатата сезона, Џоб Белингам настапи на 43 натпревари за Сандерленд во Чемпионшип, постигнувајќи четири голови и запишувајќи три асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
