Connect with us

Покрај понудите од ПСЖ и од Јувентус: Сергеј Милинковиќ – Савиќ го одбрал Манчестер Јунајтед

Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ најверојатно ќе го напушти Лацио на крајот од сезоната. Раководството на клубот од Рим одреди цената од 70 милиони евра за негова продажба, а неговиот агент Матеја Кежман ја откри и неговата желба за следен клуб во кариерата.

„Има понуди, преговараме, тој сега е фокусиран на Лацио, но потоа сака да прејде во Манчестер Јунајтед“, изјави Кежман.

Милинковиќ-Савиќ е член на Лацио од 2015 година. За римскиот клуб одигра 287 натпревари и постигна 56 гола.

Српскиот играч за врска претходно настапуваше и за Генк и за Војводина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови