Connect with us

Поддршка за Димитриевски по големата грешка: А колку бодови ни донесе досега Столе со одлични одбрани

Mакедонскиот голман Столе Димитриевски, кој веќе неколку сезони е меѓу најдобрите играчи на Рајо Валјекано, се најде во фокусот на вниманието откако направи кардинална грешка и прими гол на мечот против Хетафе.


Рајо имаше водство, а во 77.минута Димитриевски направи голема грешка. Еден од соиграчите му ја врати топката, а тој се обиде да ја расчисти и го погоди Енес Унал, а топката заврши во мрежата за 1-1.

Сепак, соиграчите и стручниот штаб му даваат голема поддршка на Димитриевски, затоа што тој е еден од најдобрите во тимот во изминатиот период.

„Вакви работи се случуваат, сите ние правиме грешки понекогаш. А, колку бодови ни донесе досега Димитриевски со одлични одбрани. Столе ја има нашата поддршка, зашто сите ние грешиме или ќе згрешиме во иднина. Мене многу повеќе ме загрижува како игравме со играч повеќе на теренот“, изјави тренерот Андони Ираола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови