
Ливерпул ја започна новата сезона во Премиер – лигата со победа, совладувајќи го Борнмут со 4-2 на „Енфилд“. Натпреварот имаше силна емотивна нота, бидејќи беше прв домашен меч на клубот по трагичната смрт на Диого Жота.
Екипата на Арне Слот имаше два гола предност, но гостите успеаја да се вратат во игра и да го направат дуелот неизвесен. Хуго Екитике беше главната фигура кај домаќините, а Антоан Семењо блесна кај Борнмут.
Во 37. минута, Екитике по додавање од Мекалистер лесно ја совлада одбраната на противникот за 1-0. Веднаш по паузата, тој му асистираше на Коди Гакпо за 2-0. На полувремето, Семењо беше мета на расистички навреди, што очигледно го мотивираше.
Ганецот одговори со два погодоци – првиот во 64. минута за 2-1, а вториот во 76. минута по фантастичен спринт низ целиот терен за израмнување на 2-2.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, резервистот Федерико Киеза, кој влезе во 82. минута, постигна гол шест минути подоцна за ново водство на Ливерпул. Точка на победата стави Мохамед Салах во судиското продолжение.
Во следното коло, Борнмут ќе го пречека Вулверхемптон, додека Ливерпул патува кај Њукасл.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
