Фудбалската репрезентација на Македонија ќе добие вкупна премија од 300.000 евра доколку оствари победа на Европското првенство. Нерешен резултат ќе биде награден со 150.000 евра. Вака одлучи УО на ФФМ на денешната седница.
Македонскиот национален тим на ЕП ќе игра против селекциите на Австрија, Украина и Холандија.
УО на ФФМ донесе одлука со која доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од Европското првенство, националниот А тим ќе добие 30 проценти од износот кој ќе се добие од паричната награда од УЕФА по покривањето на трошоците за учество на натпреварувањето. Донесена е и одлука повикот за фудбалери за претстојното Европско првенство да изнесува 1500 евра, а дополнителни 1500 евра ќе се исплатат на име повик доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од ЕП.
ФФМ на репрезентативците ќе им исплати парична награда во износ од 150.000 евра за мартовските натпревари (Романија, Лихтенштајн и Германија) од квалификациите за Светското првенство 2022 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski