Connect with us

Петти триумф по ред за Баерн, петти пораз по ред за Волфсбург (ВИДЕО)

Баерн Минхен оствари нов убедлив триумф во Бундес – лигата, петти последовен и се зацврсти на врвот на табелата со 43 бода, девет повеќе од Борусија Дортмунд. Славеше над Волфсбург со 4-0. Со тоа ја продолжи и мизеријата на Волфсбург кој го забележа петтиот последовен пораз.

Томас Милер во седмата минута донесе водство, а Дајот Упамекано во 57.минута зголеми на 2-0. Само две минути подоцна Лирој Сане го постигна третиот гол за Баерн Минхен, а во завршницата погоди и Роберт Левандовски.

Тоа беше и последен настап за двете екипи во 2021 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови