Connect with us

Перишиќ: Којзнае, можеби повторно ќе играм на ова Европско првенство

Иван Перишиќ се огласи првпат откако беше објавено дека е заразен со коронавирус.

„Како што веќе сите знаете, јас сум позитивен на коронавирус. Ви благодарам на сите за пораките за поддршка. Се чувствувам добро, но многу сум тажен затоа што утре нема да можам да и помогнам на Хрватска. На крилата на поддршката на неверојатниот навивачи, којзнае, можеби повторно ќе играм на ова ЕВРО“, напиша Перишиќ на Инстаграм.


ХНС доцна синоќа објави дека Иван Перишиќ е позитивен на коронавирус.


Фудбалерот на Интер и еден од најдобрите членови на хрватската репрезентација ќе го пропушти утрешниот натпревар од осминафиналето на Европското првенство против Шпанија. Тој оди во самоизолација десет дена, па би го пропуштил евентуалното четвртфинале против подобриот тим од дуелот меѓу Франција и Швајцарија, а не би бил во тимот и во евентуалното полуфинале на 6 јули. Перишиќ би можел да се врати дури за евентуалното финале, ако Хрватска стигне до последниот чекор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови