Лацио успеа да се врати од негатива од два гола и да освои бод против Парма (2-2) во натпревар од 34. коло во Серија А. На „Олимпико“ во Рим, гостите поведоа со два гола предност, но на крајот домаќините беа тие што ја презедоа контролата и беа блиску до целосен пресврт.
Парма поведе уште во третата минута преку Јакоб Ондрејка, кој погоди по додавање на Валери (0-1). Лацио успеа да постигне гол преку Кастељанос, но беше поништен. На почетокот од второто полувреме, Ондрејка повторно се запиша во листата на стрелците и ја зголеми предноста на Парма на 0-2. Гостите имаа можност и за трет гол преку Пелегрино, но тој не ја искористи шансата.
Во вториот дел Лацио доминираше, создаде неколку можности и во краток период постигна два гола. Педро најпрво намали на 1-2 во 79. минута, а само пет минути подоцна го израмни резултатот на 2-2. До крајот Лацио напаѓаше за целосен пресврт, но и замалку ќе беа казнети бидејќи Денис Ман промаши зицер за гостите.
Со ова реми, Лацио не успеа да се искачи на петтото место и останува седми со 60 бодови, додека Парма се наоѓа на 16. позиција со 32 бодови.
Исто така, Удинезе и Болоња одиграа без голови (0-0). За Удинезе тоа значеше прекин на низата од пет порази, додека Болоња направи чекор назад во битката за место во Лигата на шампионите.
Калјари славеше на гостувањето кај Верона со 0-2, благодарение на головите на Паволети и Деиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













