Connect with us

Пауло Соуса е нов тренер на Салернитана

Италијанскиот калчолигаш Салернитана го отпушти тренерот Давиде Никола по вторпат во еден месец и го назначи португалскиот стратег, Пауло Соуса. Никола првпат доби отказ на 16 јануари, еден ден по тешкиот пораз од Аталанта со 2-8. Но, два дена подоцна, претседателот на клубот Данило Јерволино реши да му даде втора шанса.


Сепак, и вториот обид на клупата заврши со три порази од четири натпревари, а тимот се наоѓа на 16. место на табелата, на 4 бода од зоната за испаѓање.


Пауло Соуса, кој беше селектор на репрезентацијата на Полска во 2021 година, ќе ја започне својата авантура во италијанскиот фудбал в недела кога ќе му гостуваат на Лацио.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови