
Академија Пандев го пречекува Работнички денеска од 13:30 часот во првиот натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига, носен од желбата за враќање на победите по претходниот пораз од Борец.
Но, „пандевци“ се соочуваат со сериозни проблеми во пресрет на дуелот со „романтичарите“ ако се знае дека Југослав Тренчовски нема да може да смета на двајцата свои најдобри фудбалери Љупче Дориев и Ѓорѓи Стоилов кој мора да паузираат поради повреди. За Дориев е завршена есенската полусезона по тешката повреда заработена во Велес.
Сепак, без разлика на проблемите, од таборот на Академија Пандев најавуваат атак на три бода како би се продолжила трката со Вардар за водечката позиција во шампионатот.
Позитивен резултат посакуваат и во редовите на Работнички ако се знае дека еден од најтрофејните македонски клубови е во незавидна положба на дното од табелата во шампионатот.
ПРВА ЛИГА – 13. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ
УТРЕ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС
Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ
Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА
Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
