
Горан Пандев имаше причина за разочараност по денешниот пораз од Полска, откако гостите со еден единствен удар кон нашиот гол стигнаа до трите бода. Пандев е свесен дека разочарувањето мора експресно да се надмине, бидејќи за само неколку дена ќе следи дуелот со Австрија, директниот конкурент за второто место во групата.
„Загубивме многу важен натпревар и имаме за што да жалиме. Жал ми е бидејќи одигравме добар меч, тактички одлично, цврсто, но примивме еден несреќен гол на стартот од второто полувреме и не успеавме да се вратиме. Најреално ќе беше мечот да заврши нерешено бидејќи и противникот не создаде стопроцентна шанса во текот на 90-те минути. Пред нас е уште еден важен натпревар, можеби и одлучувачки за второто место бидејќи ако го добиеме ќе имаме големи шанси за таа позиција на табелата. Денешниот пораз ни донесе разочарување, но во фудбалот се чести ваквите натпревари, а големите репрезентации се познати токму по тоа што со една полушанса стигнуваат до победи. Мораме да се одмориме, а од утре погледите целосно да ги свртиме кон Австријците“ – изјави Горан Пандев по првиот пораз на Македонија во групната фаза од квалификациите за ЕВРО 2020.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
