Горан Пандев е фудбалски бог, а на боговите им треба и малку да одморат откако ќе ја завршат работата. „Ил гранде Мачедоне“ се враќа во Џенова по историскиот триумф и пласман на Европското првенство со неговиот гол. Потребен му е и на клубот кој се бори за да ги избегне „проблематичните“ позиции на табелата во Серија А. Нема да биде во комбинација за последните два натпревари против Естонија и против Ерменија во тековниот циклус од Лигата на нации.
Покрај Пандев, Ангеловски нема да може да смета и на Езгјан Алиоски (жолти картони) и на Столе Димитриевски (црвен картон), како и на повредениот Аријан Адеми за претстојниот меч со Естонија. Но, има и други момци во фудбалското семејство кои треба да покажат дека се подготвени во секој момент и дека заслужуваат да бидат дел од селекцијата која избори пласман на ЕП.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













