
Горан Пандев имаше поголема минутажа кон крајот на сезоната, па во одлична форма ги дочекува јунските квалификациски натпревари против Полска и Австрија. Свесен дека фаворитската улога им припаѓа на гостите, нашиот капитен сепак верува во изненадување кое би значело голем чекор напред во борбата за пласман на ЕВРО 2020. Воедно, најновиот успех на РК Вардар и шампионската парада се дополнителна инспирација за „црвено-жолтите“ во пресрет на дуелите со најсилните репрезентации во групата.
„Знаеме дека ни следат два тешки дуели, но атмосферата е одлична. Не размислуваме за Австрија, туку целосно сме фокусирани на Полска бидејќи ако победиме може да нис е отвори патот во овие квалификации. знаеме се за противникот, колку квалитетни играчи има во своите редови, но сепак верувам дека со помош на публиката можеме заедно да се радуваме на победата. Оваа генерација е зрела, најдобра со која сум играл во репрезентацијата и овие натпревари се вистински да го покажеме квалитетот и нашиот нов победнички менталитет. Вардар направи успех што многу тешко некој ќе може да го повтори. Видовте колку луѓе ги пречекаа и верувам дека ќе се пласираме на ЕП и потоа нас да нè слават на плоштадот како ракометарите“, истакна Пандев на денешната прес-конференција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal