Се загрева атмосферата пред почетокот на Европското првенство, а фудбалската репрезентација на Македонија дебито на големата сцена ќе го има против Австрија на 13 јуни во Букурешт. Капитенот Горан Пандев во интервју за австрискиот „Кроне“ истакна дека Македонија игра најдобро кога е во улога на аутсајдер.
„Ја сакаме улогата на аутсајдер. Тогаш го играме најдобриот фудбал и можеме да одиграме навистина квалитетно. Првпат сме на Европско првенство, ова за нас е историја и самото чувство да се подготвуваш со репрезентацијата за ваков настан е нешто посебно. Ние живееме за Македонија и ќе сториме се за да се претставиме гордо и да ги израдуваме уште еднаш нашите навивачи“, изјави Пандев.
Македонија нема позитивен биланс со Австрија, загуби двапати, со 1-4 во Скопје и со 1-2 во Виена.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski