
Капитенот на Академија Пандев, Сашко Пандев, утре против Македонија ЃП на арената „Тодор Проевски“ во Скопје ќе го „брка“ својот втор трофеј во Купот на Македонија откако претходно еден освои со Работнички.
Пандев беше стрелец на голот токму против Македонија ЃП кој потоа донесе и трофеј за „романтичарите“ во 2009 година.
„Се погоди тогаш некако да го постигнам јас тој погодок кој донесе трофеј за Работнички против Македонија ЃП. Тоа беше гол од Господ кој тогаш не донесе до продолженија и победа во пенал-рулетот. Сега ќе биде исто така неизвесен меч кој мислам дека ќе го одлучат нијанси. Го почитуваме противникот, а јас може да порачам нека победи подобриот“ – вели Пандев.
Финалето од Купот на Македонија утре на арената „Тодор Проевски“ се игра со почеток од 18:30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија
