Connect with us

Осман Дембеле е играч на сезоната во ЛШ, а во најдобриот тим има седуммина од ПСЖ

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, е прогласен за најдобар играч на сезоната во Лигата на шампионите, откако со својот тим успеа да го освои трофејот во најелитното европско клупско натпреварување.

Францускиот репрезентативец одигра извонредна сезона и имаше значајна улога во триумфот на ПСЖ, особено во нокаут-фазата. Неговите настапи беа одлучувачки на патот до финалето, каде што „светците“ конечно ја освоија титулата.

Покрај Дембеле, признание доби и неговиот соиграч Дезире Дуе, кој беше избран за најдобар млад играч на сезоната во ЛШ.

УЕФА го објави и идеалниот тим на сезоната, во кој се најдоа дури седуммина играчи од редовите на ПСЖ, а само еден од Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови