
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, на средбата со новинарите во „Kуќата на фудбалот“ посветена на имплементацијата на ВАР-системот, се осврна и на темата поврзана со навивачите и дерби-натпреварите кои го отвораат новото првенствено коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Сезоната ќе започне со два големи дуели: Шкендија – Шкупи и Вардар – Пелистер, а Омерагиќ изрази силна желба сите натпревари да се играат со присуство на двете навивачки групи, што треба да стане постојана пракса.
„Фудбалот се игра за навивачите. Сакаме секој да може да патува и да навива за својот клуб каде и да се игра. Подготвени сме за дијалог“, изјави Омерагиќ, додавајќи дека е спремен да седне на иста маса со претставници на навивачките групи и безбедносните служби за да се овозможи фер и безбеден амбиент на стадионите.
Сепак, тој истакна дека ФФМ нема да има милост за оние кои фудбалот го користат како сцена за политички или националистички провокации.
„Ривалството е здраво и треба да постои, но национализам, верски навреди и политички пораки нема да се толерираат. Сите кои се обидат да предизвикаат немири ќе бидат строго казнети“, предупреди првиот човек на ФФМ.
Од новата сезона, ФФМ ќе воведе поригорозни мерки за санкционирање на недолично однесување на трибините. Делегатите веќе добиле детални инструкции како да постапуваат во случаи на некоректно навивање или провокативни извици.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
ПСЖ тргнува по потписот на Родриго
