
Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, денеска официјално го продолжи својот договор со клубот до 2031 година. Како што се очекуваше, новиот „дил“ беше потпишан во клупските простории во присуство на претседателот Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јуста и спортскиот директор Деко.
„Иднината е сега“ – објави Барселона на социјалните мрежи со фотографија од потпишувањето.
Јамал, кој има само 17 години, е производ на школата на Барса и дебитираше за првиот тим во 2023 година. Досега има одиграно 106 натпревари, постигнато 25 голови и запишано 34 асистенции.
The future is now. pic.twitter.com/VP2WQmbNHN
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 27, 2025
Тој одигра клучна улога во освојувањето на Европското првенство со Шпанија минатото лето, а потоа имаше блескавата сезона со Барселона, која заврши со освоени три домашни титули.
„Ајде да танцуваме. До 2031“ – додаде клубот во уште една објава на „X“.
Let's dance. Until 2031. pic.twitter.com/Hfwy0TtOol
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 27, 2025
Според „Ел Паис“, Јамал со новиот договор ќе добие трикратно зголемување на платата, со годишна заработка од 15 милиони евра, која со бонуси може да достигне и до 20 милиони евра.
Клубот на социјалните мрежи напиша:
„Сегашност. Иднина. Ламин Јамал.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси е победник на Конференциската лига (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Младите фудбалери ремизираа без голови против Косово

Евро-фудбал
Реал Мадрид ќе го врати Нико Паз на Бернабеу“

Евро-фудбал
Гасперини ќе биде нов тренер на Рома?
