
Добри вести пристигнуваат од Лондон, Каи Хаверц би можел да се врати на теренот порано од очекуваното. Германецот, кој од февруари е надвор од строј поради повреда на задната ложа, напредува подобро од планираното и веќе во мај би можел повторно да облече дресот на „топчиите“.
Првичните прогнози велеа дека ќе паузира до крајот на сезоната, но упорниот Хаверц ги изненадува сите со својот напредок. За менаџерот Микел Артета, ова е вистинска добивка, особено ако се има предвид дека Арсенал веќе остана без Габриел Жезус, кој поради сериозна повреда ќе биде надвор од терените до крајот на 2025 година.
Враќањето на Хаверц би можело да биде пресудно во клучните натпревари, особено ако Арсенал успее да ја задржи убедливата предност од 3-0 против Реал Мадрид и се пласира во финалето на Лигата на шампионите.
До моментот на повредата, Хаверц беше меѓу најстандардните фудбалери на Арсенал – настапи на 34 средби, постигна 15 голови и асистираше петпати. Во негово отсуство, улогата на „лажна деветка“ најчесто ја преземаше Микел Мерино, кој исто така прикажа солидни настапи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
