Connect with us

„Одиме на Европско“ – со панорамски автобус (ФОТО)

Панорамскиот автобус, кој е асоцијација на голем успех во Македонија, со него се возеа кошаркарите по освоеното четврто место на Европското првенство во Литванија, како и ракометарите на Вардар по двете европски титули, го вози и бендот ВИС РИСОВИ при снимањето на спотот „Одиме на Европско“.

Тоа е навивачката химна што треба да го разубави настапот на фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство. Бендот во текот на денешниот ден го снимаше спотот околу арената „Тодор Проески“, но и низ улиците на градот Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови