Connect with us

Од Италија побараа Робињо да одлежи затворска казна во Бразил

Официјалните власти во Италија побараа поранешниот репрезентативец на Милан и Бразил, Робињо, да ја отслужи казната за силување во неговата родна земја бидејќи не може да биде екстрадиран, соопшти бразилското Министерство за надворешни работи.


Тој беше осуден за силување во Италија во 2013 година. Неговата деветгодишна затворска казна беше потврдена од Врховниот суд на Италија на 19 јануари 2022 година.

Уставот на Бразил не дозволува екстрадиција на државјани на земјата. Бразилскиот министер за правда Флавио Дино рече дека „можеби ќе има извршување на казната“, но процесот може да потрае неколку години, според експертите.

39-годишниот поранешен фудбалер сѐ уште е под закана од апсење доколку отпатува во земја со која Италија има договор за екстрадиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови