Шкендија налета на тврд орев против Брегалница во Штип и не успеа да слави. Дуелот заврши без голови, иако фудбалерите на двете екипи веројатно заслужија повеќе поради прикажаната борбеност и залагање. Сепак, тимот на Ќатип Османи освои само бод и сега доцни седум бода во однос на лидерот Струга ТЛ и шест во однос на актуелниот првак Шкупи.
Силекс се израмни со Шкендија со 32 бода, откако славеше убедлив триумф (1-4) на гости против Победа. Милосављевиќ повторно го отвори резултатот, а потоа новото засилување, Александар Катаниќ постигна хет-трик во дебито во дресот на Силекс.
Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП го победи Тиквеш со 3-0. Арби Воша го отвори резултатот во втората минута, а Филип Мишевски од пенал зголеми на 2-0 од пенал во 76.минута, по прекршокот што голманот Давков го направи над Кристијан Стојковски. Третиот гол беше дело на Емир Скендери во 89.минута од мечот.
Вчера, Шкупи и Академија Пандев одиграа 3-3, а Работнички го совлада Скопје со 4-0.
ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-0
ПОБЕДА – СИЛЕКС 1-4
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 3-0
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-3
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 4-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski