Connect with us

Њукасл нуди 60 милиони евра за желбата на Реал Мадрид

Најголемото име што летово би можел да го донесе Њукасл, клубот со најбогатиот сопственик во светот, е шведскиот репрезентативец Александар Исак. Британските медиуми пренесуваат дека Њукасл е во преговори со Реал Сосиедад околу трансферот на 22-годишниот напаѓач за кого е заинтересиран и Реал Мадрид.


Њукасл, кој на крајот на минатата година беше купен од инвестициски фонд предводен од саудискиот принц, а за Исак би требало да плати околу 60 милиони евра.

Швеѓанецот во Сосиедад пристигна пред три години од Борусија Дортмунд за 15 милиони евра.
Минатата сезона постигна 10 гола со три асистенции на 39 настапи, а за шведската репрезентација одигра 37 натпревари и постигна девет гола. Фудбалерот кој кариерата ја започна во шведскиот АИК има уште четири години од договорот со Реал Сосиедад.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови