
Амбициозниот проект на Њукасл продолжува да добива форма. „Чавките“ и официјално потврдија дека го довеле во своите редови 23-годишниот англиски репрезентативец до 21 година, Џејкоб Ремзи. Средниот ред сега добива сосема нова димензија, бидејќи клубот од североисточна Англија не штедеше пари – трансферот вреди 45 милиони евра, со можност сумата да достигне и до 49 милиони преку различни бонус клаузули.
Ремзи потпиша петгодишен договор и ќе го носи дресот со број „41“. За менаџерот Еди Хау ова претставува исполнување на една долгорочна цел – да добие играч кој комбинира младост, енергија и креативност во дел од тимот што минатата сезона знаеше да биде нестабилен.
Од финансиски аспект, продажбата на Ремзи за Астон Вила претставува вистински џекпот. Бидејќи станува збор за академски производ, целата трансферна сума оди директно како чист профит и ќе помогне клубот да го задржи балансот во рамките на правилата за финансиски фер-плеј.
За Њукасл, пак, ова е четврто засилување во текот на летото, по доаѓањата на Ентони Еланга, Малик Тијао и Арон Рамсдејл. Со тоа, вкупната потрошувачка на трансфери надмина 130 милиони евра, јасен доказ дека клубот е решен да ја зацврсти својата позиција во англиската елита и да атакува на врвот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
