Connect with us

Нухиу: Среќни сме, победивме силен тим

Шкендија го победи актуелниот шампион Струга Трим Лум со 1-0 во дербито во Тетово и се искачи на врвот на табелата во Првата фудбалска лига. Сега избраниците на Ардијан Нухиу се првопласирани, со два бода предност пред Шкупи.


Тој е задоволен од триумфот и од изданието на својот тим.

„Секако дека сме среќни и задоволни по една ваква победа. Победивме силен тим,го победивме шампионот, тимот кој сите нас нѐ направи горди со своите успеси во Европа ова лето. Мислам дека во првиот дел доминиравме, требаше да реализираме барем дел од шансите. Во второто полувреме рано поведовме, после тоа гостите напаѓаа, сепак ние успеавме да се одбраниме и заслужено да го добиеме овој дерби натпревар. Среќен сум и поради фактот дека со овие три бода Шкендија е лидер на табелата. Честитки за момците кои одиграа храбро“, изјави тренерот на Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови