Connect with us

Новиот менаџер на Челси ќе го врати Лукаку во Премиер – лигата

Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку ова лето го напушти Челси после само една година помината на „Стемфорд Бриџ“ и се врати во Интер на позајмица. За него англискиот клуб плати 115 милиони евра, но тој не се докажа кај Томас Тухел и мораше да си замине поради желба за поголема минутажа.


Сега на менаџерската позиција во Челси пристигна Грем Потер, а тоа ја отвора вратата на Лукаку за враќање на „Стемфорд Бриџ“.


Англиските медиуми пренесуваат дека Потер е голем фан на играта на Лукаку и на лето сигурно ќе го врати Белгиецот во Премиер-лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови