
Манчестер Сити се врати на победнички пат со триумфот од 3-0 против Нотингем Форест. „Граѓаните“ не го познаваа вкусот на победата во последните седум натпревари.
„Најважно е што победивме. Имавме многу потреба од оваа победа. Не знам дали ова ќе биде пресвртна точка за тимот. Сепак, нашите проблеми продолжуваат со повредите на Мануел Аканџи и на Нејтан Аке. Ситуацијата со Нејтан не изгледа добра. Тој немаше шанса да го продолжи мечот, ќе видиме какво ќе биде неговата состојба во следните три дена. Мануел можеби ќе се врати за натпреварот во Торино на 11 декември. Рехабилитацијата на Нејтан, сепак, ќе трае подолго“, изјави менаџерот Пеп Гвардиола.
Овој викенд, Сити гостува кај Кристал Палас во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
