Connect with us

Нов ден, ново чудо во Европа: Фудбалер на Гент постигна хет – трик за три минути!

Гент го елиминира Башакшехир и се пласираше во четвртфиналето на Конференциската лига на УЕФА. Првата средба заврши 1-1, но Белгијците во Истанбул постигнаа четири гола во рок од шест минути за победа од 4-1. Сите четири гола на гостите паднаа во првото полувреме, а хет трик постигна 20-годишниот Нигериец, Гифт Орбан.


Орбан го реализираше својот хет-трик во рок од три минути, помеѓу 31. и 34. минута.
На овој начин тој влезе во историјата, бидејќи е најбрзиот хет-трик во историјата на европските натпреварувања.


Нигериецот има 10 гола на последните шест натпревари, а на последниот натпревар од белгиското првенство постигна четири гола. За Гент тоа беше прва победа на гости во Европа во последните осум натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови