Connect with us

Ноќ без сон во Неапол, тифозите го славеа новото Скудето (ВИДЕО)

Победата на Наполи против Калјари со 2-0 во 38. коло од Серија А му ја донесе четвртата титула на клубот од Јужна Италија.

Ова беше незаборавен момент, кој беше соодветно прославен со свечена церемонија на клупскиот стадион „Диего Армандо Марадона“ веднаш по последниот свиреж на судијата.

Се разбира, славењето продолжи и надвор од официјалната прослава на спортскиот објект, бидејќи целиот Неапол беше преплавен од среќни навивачи, кои се радуваа на втората титула во последните три години.

Двете Скудета дојдоа по чекање подолго од три децении, по титулите од 1987 и 1990 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови