Connect with us

Николов му подари деби победа на Здравков на кормилото на Брегалница (ФОТО)

Брегалница дојде до прв пролетен триумф совладувајќи го Работнички во Скопје со 0-1. Иван Николов погоди уште во четвртата минута, а тоа беше доволно за три бода за штипскиот тим.

Тоа е и прва победа за новиот тренер на Брегалница, Горан Здравков, откако го презеде кормилото на тимот.

Работнички исто така имаше свои шанси, но не успеа да ги реализира. Најблиску беше Матеј Ангелов, кој во 41.минута го погоди дирекот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови