Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов ја продолжува кариерата во бугарскиот прволигаш Левски.
Стоперот доаѓа од унгарскиот Фехервар, клуб кој испадна во понизок ранг. По успешно поминатите лекарски прегледи, Серафимов наскоро ќе биде и официјално претставен како ново засилување на еден од најпознатите бугарски клубови.
Македонскиот репрезентативец се приклучи на Фехервар во 2022 година од ЗТЕ, а во својата кариера има настапувано и за Академија Пандев, Јихлава (Чешка), Вардар, Пелистер и Брегалница.
Во дресот на Македонија досега запиша 22 настапи и постигна еден погодок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













