Connect with us

Никој како Левандовски: Постигна 43 гола во Бундес-лигата во 2021 година

Неверојатниот полски голгетер Роберт Левандовски постигна уште еден рекорд во 2021 година. Тој со вечерашниот гол против Волфсбург стигна до вкупно 43 постигнати гола во Бундес – лигата во една календарска година. Тоа досега не му успеало на ниту еден друг фудбалер.

Левандовски и во овој сегмент го постигна легендарниот стрелец на Баерн Минхен, Герд Милер.

Следниот меч на Баерн Минхен е на 7 јануари 2022 година против Борусија Менхенгладбах на „Алијанц арена“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови