Connect with us

Неверојатна статистика: Канте последните четири меча за Челси ги играше за различни менаџери

Искусниот играч за врска на Челси, Н’Голо Канте, има неверојатна статистика откако истрча на теренот на вечерашниот меч против Реал Мадрид во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Неговите последни четири натпревари беа под водство на различен клупски менаџер.


Французинот поради повреди ги пропушти речиси сите натпревари на својот тим во текот на сезоната и затоа има само пет средби со овој вечерва на „Бернабеу“.

Натпреварот во Лигата на шампионите е негов прв во кампањата со Френк Лампард на клупата.

Неговиот претходен натпревар за Челси беше на 4 април против Ливерпул (0-0) во Премиер – лигата, со Бруно Салтор на чело, како краткорочна замена по отпуштањето на Грем Потер.

Под водство на Потер беше неговиот претходен меч за „сините“ – на 1 април против Астон Вила (0-2).

Тој натпревар на „Стемфорд бриџ“ беше негов прв по долго лекување по повредата, а претходно последен пат беше на теренот на 14 август во ремито 2-2 против Тотенхем. Тогаш менаџер сè уште беше Томас Тухел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови