Македонија со 2-1 ја совлада Ерменија, а Илија Несторовски беше стрелец на вториот гол од пенал. Тој истакнува дека најважна е победата која е остварена во тешки услови за игра.
„Најважно е што победивме, не е важно кој постигнува голови. Искрено, игравме во ненормални услови. теренот никогаш не бил во полошо издание. Голема пофалба за сите кои се дел од националниот тим, физиотерапевти, доктори, стручен штаб секако. Не очекува сега дуел со Грузија на гости, а знаеме дека поголем дел од фудбалерите не се во натпреварувачка форма. Но, Пандев, Трајковски, Велкоски, Зајков и другите беа на клупа и сигурно дека селекторот ќе може да ротира и да вклучи некои одморни фудбалери за тој натпревар. Секако очекуваме нов позитивен резултат“, изјави Несторовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













