Connect with us

Нејмар со два гола донесе важен триумф за Сантош (ВИДЕО)

Нејмар полека ја враќа својата препознатлива форма, а најнов показател за тоа беше одличниот настап на синоќешниот натпревар. Со два негови гола, Сантош славеше победа од 3-1 против Жувентуде во 18. коло од бразилскиот шампионат и се оддалечи од опасната зона.

За петти пат по ред, Нејмар го одигра целиот натпревар – нешто што не му се случило од август 2022 година. Исто така, по подолг период, 33-годишниот напаѓач повторно постигна два гола на еден меч.

Жувентуде допатува на „Вила Белмиро“ со четири порази во низа, но на теренот не изгледаше инфериорно. Тимот на Клаудио Тенкати упати 20 удари кон голот на Габриел Бразао, од кои 10 беа во рамките, а погодок на Енио во 21. минута беше поништен поради офсајд.

Сантош поведе во 37. минута кога Нејмар ја искористи одбиената топка од голманот Руан Карнеиро и погоди од непосредна близина. Веќе во 40. минута Алваро Бареал ја зголеми предноста на 2-0 по грешка во одбраната на Жувентуде. Сепак, гостите не се откажаа – Вилкер Анхел погоди пред полувремето и намали на 2-1.

Во второто полувреме, Бразао беше клучниот играч за Сантош со неколку извонредни интервенции. Во 80. минута, Нејмар реализираше пенал и со тоа ја осигура победата на својот тим и го запиша својот трет погодок оваа сезона.

По оваа рунда, Сантош се наоѓа на 15. место со 18 поени, додека Жувентуде останува на 19. позиција со 11 бодови. Фламенго и Крузеиро го делат врвот со по 37 освоени поени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови