
Сантош продолжува да тоне, а најголемата ѕвезда на тимот, Нејмар, беше главниот антихерој во новиот пораз од Ботафого со 0-1.
Во клучниот момент од натпреварот, во 76. минута, при резултат 0-0, Нејмар се обиде на недозволен начин да го реши мечот – ја заби топката во мрежата со рака, што не му избега на судијата. За тоа доби втор жолт картон и беше исклучен, оставајќи го Сантош со играч помалку и без водство. Така, Нејмар неславно се обиде да го „глуми“ Марадона.
Dia 701 – Neymar fazendo gol de mãopic.twitter.com/664Y8vnidn
— Todo dia um momento bizarro do futebol (@bizarrofut) June 1, 2025
До тој момент, дуелот од 11. коло на бразилскиот шампионат беше неизвесен. Ботафого важеше за благ фаворит, но Сантош покажа заби, особено во првиот дел. Сепак, по црвениот картон на Нејмар, екипата тотално падна, а казната дојде во 86. минута кога Артур погоди за победа на гостите.
Ситуацијата за Сантош станува сè полоша – клубот останува вкоренет во зоната за испаѓање, додека Ботафого се искачи на деветтата позиција на табелата.
Нејмар, кој пред паузата се расправаше со навивачите и со гестикулации најавуваше триумф, ја заврши вечерта понижено – ова беше негово 16. исклучување во кариерата, а последниот црвен картон го доби во дресот на ПСЖ во 2022 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
