Connect with us

Нејмар: Јас и Меси поминавме низ пекол во Пари Сен Жермен

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар изјави дека тој и поранешниот соиграч Лионел Меси во Пари Сен Жермен „минале низ пекол заедно“.


Нејмар во интервју за бразилското онлајн издание „Globoesporte“ прокоментира дека е среќен за својот пријател, но и тажен во исто време.

„Тој отиде во рајот со репрезентацијата на Аргентина, освојувајќи сѐ во последните години. А со Пари Сен Жермен помина низ пекол. Поминавме низ пекол – и тој и јас”, изјави бразилскиот фудбалер.

Нејмар не коментираше детали, но додаде дека Лионел Меси не бил праведно критикуван во Париз и не заслужувал таков третман кога си заминал од тимот од фудбалска гледна точка.

Пред Меси да се пресели во американскиот Интер Мајами летото, тој и Нејмар играа заедно две сезони во францускиот шампион. Двајцата беа соиграчи од 2013 до 2017 година и во Барселона.

Лионел Меси неодамна на прес-конференција откри дека не сакал да ја напушти Барселона и дека имал тешки моменти во Пари Сен Жермен.

Со Интер Мајами, Меси ги победи првите девет натпревари, постигна 11 гола и го предводеше тимот до трофејот во Лига купот.

Нејмар пред неколку недели дојде во саудискиот клуб Ал-Хилал за 90 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови