
Брегалница на надмоќен начин оствари пласман во елитата откако го освои првото место во Втората лига Исток. На две кола до крајот, со триумфот над Кожуф од 3-0, штипскиот тим официјално обезбеди пласман во прволигашка конкуренција.
Капитенот на Брегалница, Ристе Наумов, вели секој поединец во тимот е пресреќен со остварувањето на зацртаните цели сезона и тоа на моќен начин без ниту еден пораз во Втората лига – Исток.
„Минатата година само пандемијата не спречи да се вратиме во Првата лига, но сезонава и предвреме ја остваривме зацртаната цел. Повеќе од заслужено враќање во елитата затоа што Брегалница покажа дека е најдобриот тим во второлигашката конкуренција“ – вели Ристе Наумов.
Следната сезона Брегалница ќе има прволигашки предизвик.
„Посакуваме со добри засилувања следната сезона да бидеме максимално конкурентни во Првата лига. Желбата е да бидеме стабилен прволигаш кој воопшто нема да игра епизодна улога. Но, за сето тоа, секако има време, а најпрво треба да ја довршиме сезоната онака како што ја и играме досега“ – вели Наумов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
