Бараж-натпреварот од полуфиналниот плеј-оф во Лигата на нациите меѓу Македонија и Косово на 26. март на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје ќе се игра без присуство на публика. Ова е дефинитивна одлука од Владата на РСМ која Фудбалската федерација на Македонија се очекува само да ја прифати и да ја информира УЕФА.
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека Владата на РСМ донела одлука за забрана за одржување на натпревари со присуство на публика во наредните 30 дена од денеска, што значи до 10. април. Токму тука влегува и натпреварот Македонија – Косово кој ќе мора да се игра без публика.
„Владата на РСМ на својата седница донесе одлука за забрана за одржување спортски натпревари во земјава со публика, во период од следните 30 дена“ – информираше Филипче.
Од ФФМ претходно соопштија, со оглед на фактот дека билетите за натпреварот се веќе распродадени, дека парите на сите кои купиле билети ќе им бидат вратени.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski